Приведен бегалец од затвор, осуден на казна од шест години

- Македонија
1075

На 08.02.2024 околу 13.45 часот на раскрсница помеѓу с.Бомово и Дебар , во близина на државната граница со Р.Албанија полициски службеници од Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Блато го лишиле од слобода М.А . (31 ) од Дебар.

Тој бил осуден на казна затвор од шест години за сторено кривично дело по член 215 од Кривичниот законик, а бил баран по потерница врз основа на наредба од Казнено – поправната установа Затвор Идризово за доиздржување на три години од казната. Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено поправна установа.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари