На 14.08.2024 околу 20.00 часот на улицата „15 Корпус” во Охрид, по преземени активности, полициски службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид ги лишија од слобода Д.С.(33) и Т.Б.(46), двајцата од Охрид. Тие се затекнати на паркинг простор каде одгледувале растение канабис. Подоцна, при претрес во нивните домови, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Лицата бea задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 14.08.2024 во 18.30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во угостителски објект на булеварот „Железничка” во Охрид, И.К. од Охрид го нарушил јавниот ред и мир со физички напад врз неколку лица. По целосно расчистување на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Facebook Коментари