Претседателката Сиљановска Давкова донесе одлука за ангажирање на Армијата во справувањето со кризната состојба поради пожарите

- Македонија
180

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова донесе одлука за учество на дел од Армијата во справувањето со пожарите.

Одлуката, како што информира денеска претседателкиот кабинет, е согласно Законот за управување со кризи, по донесената Одлука на Владата од 13 август 2024 година за постоење на кризна состојба заради зголемена појава на пожари на територијата на државата.

-Начинот и интензитетот на кој припадниците на Армијата ќе помагаат на другите институции при гаснење на пожарите ќе го одредува Генералштабот на Армијата во согласност со побарувањата од Центарот за управување со кризи и состојбата на теренот, стои во  соопштението.

ЦУК информираше дека во текот на вчерашниот ден имаше вкупно 49 пожари на отворен простор, од кои во моментов 12 се активни, 7 се под контрола и 30 се изгаснати.

Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков информираше дека пожарот на планината Галичица од Македонска страна е под контрола и нема опасност по населените места и населението кое гравитира на овој потег.
-Во моментот во гаснењето на пожарот од земја се вклучени околу 120 лица, а се дејствува со два хелихоптери од страната на Охрид и од страната на Преспа. Очекувано е во текот на денот да се вклучат и уште три авиони за гаснење од воздух. Поспецифична е состојбата со пожарот од преспанска страна, каде што истиот има зафатено погуста и високостеблеста вегетација и гаснењето се одвива отежнато. Гаснењето од земја е отежнато и поради тоа што на овој терен постои неотстрането старо оружје и експлозивни направи, кои по налет на огнот експлодираат. Само во текот на вчерашниот ден се слушнале повеќе од 40 експлозии.-посочи Пецаков.
Тој изрази надеж дека во текот на  денешниот ден пожарот ќе биде локализиран и дека ќе се спречи неговото ширење понатаму.
Strugaonline

Facebook Коментари