Во текот на минатите две недели, царинските службеници спречија неколку обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани клучеви за моторни возила, рутери, цигари, облека, бижутерија и црковни производи.
Meѓудругото,во извештајот за изминативе две недели стои дека 20 рутери и 10 wi-fi антени, се откриени при контрола на албански автомобил, управуван од албански државјанин, пријавен за влез во државата на граничниот премин Ќафасан. Непријавените производи, пронајдени во картонски кутии сместени во багажникот на возилото, се привремено задржани, а против возачот ќе биде поведена прекршочна постапка.
Strugaonline
Facebook Коментари