Kај ХЕЦ „Глобочица“ фатени дрвокрадци од тетовско Желино

- Локални
754

Синоќа, во 20:15 часот, поради сомнение за нелегален транспорт на огревно дрво, полициските службеници од Полициската станица од Струга, на регионалниот пат Струга-Дебар, во близина на ХЕЦ „Глобочица“, запреа товарно возило марка „Ман“ со тетовски регистарски ознаки.

– Притоа, констатирано е дека возилото, управувано од страна на 51-годишниот М.А. од тетовското село Желино, во кое се превезувале уште четири други лица сите од дебарското село Отишани, е натоварено со 24 метри просторни огревно дрво за кое, М.А. не поседувал испратница или друга соодветна документација. Полициските службеници забележале дека дрвата биле обележани со жиг а по преземени мерки, пронајден е и одземен чекан со нелегален печат од Јавното претпријатие „Македонски шуми“ со кои, М.А. извршил нелегално обележување на дрвата. Товарното возило, со огревното дрво e пренесенo во ЈП „Шумско Стопанство“ во Струга за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, полициската станица од Струга ќе поднесе соодветна кривична пријава, информираат од СВР Охрид.

извор: СВР Охрид

фото: архива

Facebook Коментари