Чистењето на наталожениот материјал на испустот на реката Црн Дрим и речното корито во Струга во полн ек

- Локални
548
Во тек е  чистење на наталожениот материјал на испустот на реката Црн Дрим и речното корито во Струга.
Со чистењето ќе се подобри пропусната моќ на коритото и ќе се зголеми капацитетот на собирање на атмосферските води, ова ќе го намали ризикот од поплави.
Овој проект е финансиран од Европската унија, а го спроведува УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.
Откако ќе се заврши со чистење на устието на Дрим каде  ќе се овозможат услови за развој на бродскиот сообраќај се продолжува со чистење по течението на реката Црн Дрим.
Вкупната должина на делот кој ќе се чисти е 765 метри. Според направените анализи, проценетата количина на депониран нанос е приближно 14 000 метри кубни кои придонесуваат за намалување на капацитетот на протокот, нееднаква дистрибуција на брзината и можност за натамошно таложење и предизвикува голем ризик од поплавување на населените места.
Овој проект е резултат на заеднички напори на Општина Струга, Министерството за животна средина и просторно планирање , АД ЕЛЕМ и АД Водостопанство.
Завршувањето на активностите во оваа фаза се очекува до крајот на октомври овааа година.

Facebook Коментари