Филипче-Доколку не се почитуваат мерките, ќе има карантин

- Македонија
376

Доколку мерките не се почитуваат, ќе има препорака за рестрикција во движењето. – предупреди денеска министерот Филипче.

-Прво скратување на работните часови на одредени економски субјекти, но и рестрикција во движењето. Видовме какви искуства имаа некои земји кои нагло ги отворија градинките и училиштата. Затоа поучени од тие искуства, постепено ги отворивме училиштата. Поради очекуваниот есенски бран и зголемениот број на нови случаи предложивме до Владата нови рестриктивни мерки како задолжително носење маска на отворено, забрането групирање на повеќе од 4 лица по 22 часот. Зголемени се сите ингеренции на сите инспекторати, што работат на терен и пакетот на дополнителна рестрикција и ингеренции ќе даде резултати.-изјави Венко Филипче.

Facebook Коментари