Лев банер Десен банер

CINEMA IS COOL: DOCU-WEEKEND во Струга – викенд посветен на документарниот филм и вистинските приказни

Љубителите на документарниот филм и актуелните општествени теми ќе имаат можност да бидат дел од „CINEMA IS COOL: DOCU-WEEKEND“, дводневен настан посветен на моќта на вистинските приказни, кој ќе се одржи во Europe House Struga.

Настанот носи две значајни документарни остварувања кои отвораат важни прашања за односот меѓу човекот и природата, поттикнувајќи размислување, дијалог и нови перспективи.

Првата проекција е закажана за 19 јуни (петок) со почеток во 20 часот, кога ќе биде прикажан документарниот филм „Приказната за Силјан“ во режија на Тамара Котевска. Филмот е на македонски јазик со превод на англиски.

Следниот ден, на 20 јуни (сабота) во 20 часот, посетителите ќе можат да го проследат документарниот филм „Планината не оди никаде“ во режија на Петра Селишкар. Проекцијата ќе биде на албански јазик со превод на англиски.

По секоја проекција ќе следуваат разговори и дискусии со цел подлабоко истражување на темите што ги отвораат филмовите и размена на мислења меѓу присутните.

Организаторите ги покануваат сите заинтересирани граѓани да го потврдат своето присуство и да ја споделат поканата со пријатели, колеги и соработници кои имаат интерес за документарен филм и современи општествени прашања.

Настанот ќе се одржи во Europe House Struga, а влезот е со претходна регистрација: https://shorturl.at/zsuAw.

StrugaOnline

error: