Црвен крст-Струга им додели благодарници на учесниците во ПХВ неделата

- Локални
361

Црвен крст-Струга им додели благодарници на сите учесници во овој циклус на Неделата посветена на хумани вредности (ПХВ).

,,ПХВ неделата  има за цел промоција на мир, толеранција, ненасилство и соживот што е и една од стратешките цели на нашето Национално друштво. Со оваа стратешка цел, Црвениот крст врши превенцијата преку различни форми, како едукации за промовирање на позитивните вредности, волонтирање, вклучување на младите во воншколски активности каде времето го поминуваат на корисен и одговорен начин, каде се работи на теми како другарување, меѓусебна поддршка, тимска работа.“-информираат од Црвен крст-Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари