Стружанец превезувал 33 мигранти, полицијата го фатила кај Гевгелија

- Локални
1042

Полициски службеници, денеска во 11:30 часот, во близина на бензинска пумпа на автопат А1, кај Гевгелија, лишија од слобода 41-годишно лице од Струга, кој со товарно возило „Фиат дукато“, со охридски регистерски таблички, превезувал 33 мигранти.

– Известен е јавен обвинител од ОЈО за ГОКК Скопје и против возачот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, информираат од МВР.

Извор: МВР

Фото: архива

Facebook Коментари