Дарко Паскоски го извлече Чесниот Крст од водите на реката Црн Дрим

- Локални
1451

Бројни верници денеска присуствуваа на чинот на спуштање на Светиот крст во водите на реката Црн Дрим во Струга. Честа и среќата да го фати Крстот годинава ја имаше Дарко Паскоски.

Во водите на реката Црн Дрим годинава скокнаа голем број капачи. Некои од нив само за здравје и среќа, а други со желба да го фатат чесниот крст.

По повод овој голем празник, во Црквата Свети Ѓорѓи се одржа Утрена Богослужба, а потоа следуваше Василиева литургија. Во 10:30 часот e верниците со литија се упатија  кон мостот и го дочекаа Митрополит Тимотеј. Кумови за Водици оваа година беа Ѓорѓи Голабоски и Никола Голубовиќ, a кумството за следната година го преземаат Томче и Стевчо Голабоски.

Струга и годинава блесна во полн сјај за празникот кој носи радост и прекрасна глетка.

Strugaonline

Facebook Коментари