„Дегустација на стил vol.2“ – моден настан со инспирација и попусти во бутик атеље „Брило“ Охрид
Љубителите на модата и уникатниот стил овој викенд ќе имаат можност да бидат дел од второто издание на „Дегустација на стил vol.2“, настан кој носи два дена исполнети со мода, инспирација и внимателно одбрани модни детали.
Во пријатна атмосфера, посетителите ќе можат да откријат нови модни комбинации, да уживаат во добра музика и позитивна енергија, како и да се инспирираат од најновите стилски идеи.
Настанот ќе се одржи на 22 и 23 мај во бутик ателје „Брило“, лоциран во старата чаршија во Охрид.
Организаторите најавуваат и специјална поволност за сите посетители — 10% попуст на производите за време на настанот.
„Ве очекуваме да дегустираме стил заедно и да создадеме убаво модно доживување“, порачуваат од „Брило“.
StrugaOnline

