Охрид го одбележува 24 Мај, Денот на сесловенските просветители, Светите браќа Кирил и Методиј
Со богата културна и свечена програма Општина Охрид ќе оддаде почит на делото и значењето на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј чии просветителски вредности оставиле траен белег во словенската култура и духовност.
– Преку богата културна и свечена програма, заедно ќе оддадеме почит на делото и значењето на светите браќа, чии просветителски вредности оставиле траен белег во словенската култура и духовност. Ве покануваме да бидете дел од настаните и заедно да го одбележиме овој значаен празник, информираат од локалната самоуправа.
Одбележувањата продолжуваат денеска со изложба и работилница од областа на калиграфијата во организација на Српското друштво „Коштана“ од Врање, што ќе се одржи во Куќата на Робевци од 17:00 часот.
Утре, 23 мај ќе се одржи научната конференција „Континуитетот на Кирилометодиевската традиција изразен во Охридската книжевна школа“ во Конгресниот центар во Охрид со почеток во 10:30 часот каде обраќање ќе имаат градоначалникот Кирил Пецаков и претставници на академската заедница.
StrugaOnline

