Денеска донирајте во маркет ,,Миса“, бидете дел од хуманитарната акција „Нахрани 10.000“

- Локални
553

Во девет градови во земјава денеска се одржува хуманитарната акција „Нахрани 10.000“, во организација на невладината организација „Ајде Македонија“.

Можност за хуманост во рамки на оваа акција имаат и граѓаните на Струга кои ќе можат да донираат храна во маркет ,,Миса“.

– Препорачуваме сите хумани граѓани да донираат храна која не е лесно расиплива како: ориз, грав, сол, шеќер, брашно, тестенини, масло за готвење, грашок, конзервирана риба, супа , бисквити, кечап, леќа, конзервирано овошје и зеленчук, велат од „Ајде Македонија“.

Facebook Коментари