Време-Облачно и релативно топло, попладне и во текот на ноќта дожд

Променливо облачно и релативно топло, по одделни котлини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност. Преку денот ќе има зголемена облачност, а попладне и во текот на ноќта во северните делови ќе има локален дожд. Попладне вдолж Повардарието ќе почне да дува засилен ветер од северен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 18 до 23 степени.

Утре ќе биде променливо облачно и посвежо. Ќе дува умерен, а вдолж Повардарието засилен ветер од северен и северозападен правец. Максималната дневна температура ќе се движи во интервал од 11 до 18 степени.

Извор: УХМР

Facebook Коментари