Секоја година на 21-јуни се одбележува Денот на Охридското Езеро. Денот на Езерото се одбележува од 2000-та година, со цел заштита на природното и културното богатство на регионот околу езерото, како и заради приближување, не само на жителите од двете страни, туку и на туристите и гостите од земјата и светот.

-Езерото не само што не поврзува и не обединува во една заедница на општини кои имаат чест да уживаат во оваа природна убавина, но е и битна гранка во економијата која се темели на постоењето на нашето природно богатство. Денеска, ја испраќаме пораката дека езерото е богатство кое треба да го чуваме и да го штитите, да вложуваме во неговото одржување на долг рок.-велат од Општина Струга.
Додаваат дека Струга е подготвена за почетокот на туристичката сезона и потенцираат дека од страна на Општината се преземени сите мерки за уште една успешна туристичка сезона во која домашните и странските гости ќе уживаат во песочните плажи и понудите на градот.
Охридското Езеро е најголемо и најзначајно природно езеро во Македонија, најстаро во Европа и, од биолошки аспект, најзначајниот стагнантен воден екосистем на континентот. Се карактеризира со богата историја, културa, археолошки наоѓалишта и природна убавина, и го делат две држави: Македонија и Албанија.
Strugaonline
Facebook Коментари