Со театарската претстава „Цветко и неговата градина“ во Охрид започнува програмата „За сите деца“

- Локални
72

На сцената кај ТЦ „Амам“, вечерва со почеток од 20:00 часот, со театарската претстава „Цветко и неговата градина“, започнува програмата на општина Охрид за најмладите охриѓанчиња „За сите деца“, под мотото „Културата расте со децата“.

Автор и режисер на претставата е Сашо Ристовски, а играат актерите Магдалена Ризова-Черних, Бранко Атанасов, Сашо Ристовски и Ема Давчева.

,,Цветко и неговата градина” е најновата хит претстава за деца која е создадена тематски за зачување на животната средина, за природата, екологијата, но и за здравата храна.

-Низ призмата на оваа претстава децата со театарски јазик создаден да биде разбирлив за нивната возраст ќе дознаат низ вузуелен пример колку е важно да ја чуваме и негуваме природата, да не ги уништуваме дрвата, езерата,реките, тревата, цвеќињата, парковите и шумите, бидејќи тие се изворот на чист воздух за сите. Секоја лоша постапка кон нив може да се рефлектира на нашето здравје. Тоа што исто така сакаме да го истакнене е дека многу е важно во исхрана да внесуваме здрава храна / зеленчук, овошје и мешунки-информираат организаторите.

Додаваат дека низ низа комични драмски ситуации, со многу едукативни педагошки елементи, но и со многу интеракција со децата ќе дојдат до важната порака : ,, Чувај ја природата, јади здрава за да имаш живот без маана”.

Strugaonline

Facebook Коментари