Денеска во Охрид започнува чествувањето на Св.Климент Охридски-патрон на градот

- Локални
526

Со богата програма организирана од  Општина Охрид  и институциите кои го носат неговото, ќе биде одбележан 8-ми декември, денот на заштитникот на Охрид, Св.Климент Охридски.

Настаните започнуваат  денеска со концерт на учениците од ОМУ „Методи Патче“ од 18:30 часот. Од 19:00 часот во Центарот за култура „ Григор Прличев“ ќе се одржи свечената приредба по повод патрониот празник на ОУ „Св. Климент Охридски“.

Во петок, на 6-ти декември од 12:00 часот во Прличевата одаја се свеченостите во чест на Патронот, во организација на НУ Библиотека „Григор Прличев“, а вечерта од 19:00 часот во центарот за култура „ Григор Прличев“ е премиерата на играниот филм „Дедо и внук“ во режија на охриѓанецот Илија Пиперкоски.

Сабота, 7-ми декември од 19:00 часот во изложбениот салон на центарот за култура ќе биде отворена традиционалната изложба на фото-клубот „Охрид“, а во галеријата е изложбата на ликовни творби на учениците од ОСУ „Св.Климент Охридски“ и доделување награди од училишниот конкурс. Вечерта од 20:00 часот во центарот за култура е свечената академија по повод Денот на градот Охрид.

На денот на празникот, во недела во 10:00 часот е предвиден поклонение пред моштите на Св.Климент Охридски во црквата на Плаошник, а половина час подоцна и полагање свежо цвеќе на неговиот споменик во основното училиште. Од 11:00 часот ќе има полагање свежо цвеќе на момументалниот споменик на Свети Климент Охридски на градскиот плоштад и врачување награди на најдобрите поетски творби на наградниот ученички литературен конкурс по повод Патронот на Охрид.

Strugaonline

Facebook Коментари