Кривични пријави за двајца стружани, агресивно се однесувале и навредувале полицајци на ракометен натпревар

- Локални
586

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Д.С.(19) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување на службено лице во вршење на службено дејствие“ и против Н.Ј.(26) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице во вршење работи од безбедноста“. Тие, кривичните дела ги сториле на 19.10.2019 во 22.10 часот на ракометен натпревар во Струга. Првопријавениот агресивно се однесувал и ги навредувал полициските службеницидодека    второпријавениот се обидел физички да ги нападне полициските службеници и да ги спречи во преземањето на службените дејствија.            

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари