Денеска во Струга ќе се одржи отворен разговор за проблемите, состојбите и предизвиците во Струга
Денеска со почеток од 18:00 часот, во просториите на здружението на граѓани „Аква“ во Струга ќе се одржи отворен разговор со граѓаните на Струга и Југозападниот регион, во организација на иницијативата „Замисли“.
Настанот е замислен како простор за активно слушање и отворена комуникација со граѓаните, посветен на проблемите, состојбите и предизвиците со кои се соочува регионот, како и на можностите за нивно заедничко адресирање.
Организаторите информираат дека, за разлика од класичните дебати и трибини, овој настан нема да има воведничари ниту формални излагања. Во фокусот ќе бидат искуствата, проблемите и предлозите на граѓаните, кои внимателно ќе бидат евидентирани од тимот на „Замисли“.
„Врз основа на забелешките и предлозите од граѓаните, ќе иницираме постапки за барање одговори, реакции и решенија од надлежните институции, како и преку соработка со медиуми и релевантни меѓународни партнери“, посочуваат организаторите.
Од „Замисли“ ги повикуваат сите заинтересирани граѓани од Струга и Југозападниот регион да присуствуваат и активно да се вклучат во разговорот.
StrugaOnline

