Лев банер Десен банер

Марија Дузлеска освои Втора награда на меѓународен натпревар за дувачки инструменти во Црна Гора

Младата флејтистка Марија Дузлеска освои Втора награда на Вториот меѓународен натпревар за дувачки инструменти, кој од 7 до 11 мај се одржа во Тиват, Црна Гора.

На престижниот музички натпревар учествуваа околу 200 натпреварувачи од Црна Гора, Србија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Северна Македонија и Русија, а младите музичари се натпреваруваа во повеќе категории и дисциплини.

Марија Дузлеска настапи во категоријата за ученици родени 2009/2010 година и во силна меѓународна конкуренција успеа да освои висока Втора награда.

Таа е ученичка во ДСМУ „Тодор Скаловски – Тетоец“ – дисперзирани паралелки во Струга, во класата на м-р Светлана Богданоска Ристоски.

Комисијата за дисциплината флејта беше составена од еминентни професори и уметници: Матеј Зупан од Словенија, Марина Ненадовиќ од Србија, Страшо Темков од Македонија и Бруна Матијевиќ од Црна Гора.

StrugaOnline

error: