Денеска во Струга ќе се одржи презентација на новиот систем за аплицирање проекти од културата за идната година

- Локални
390

Министерството за култура од годинава воведува електронска апликација за Годишниот конкурс за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2022 година. За таа цел, започнaa со обуки за корисниците по центрите за култура низ државата.

-Во Струга на ден 24.09.2021 година -петок во просториите на НУЦК Струга ќе се оддржи презентација на новиот систем за аплицирање проекти за идната година. Презентацијата е со почеток во 17:00 часот и истата ќе биде спроведена по строго попишаните протоколи за организирање настани: Задолжителен приказ на поседување доказ за имунизација(сертификат од Sars-Cov2) или доказ дека бил прележан вирусот во последните 45 дена(сметајќи од денот на оздравување)-информираат од струшкиот центар за култура.

Презентацијата ќе ја води стручниот тим од Министерстото за култура на РСМ.

Facebook Коментари