Денеска во Струга започнуваат Државните младински првенства во шах

- Локални
260
Денеска во хотелот Дрим во Струга започнуваат Државните младински првенства во шах за 2023 во машка и женска категорија.
,,Пријавени се вкупно 152 деца во двете категории што претставува скок за над 50% во споредба со Државните првенства во 2022 год.(97 деца).Ова се должи на се поголемата популарност на шахот помеѓу младата популација,отварање на повеќе шаховски школи во рамките на шаховските клубови, како и со воведувањето на шахот како изборен предмет во основните училишта во изминатава година.“-изјави тренрот на Младинската шаховска школа-Струга, Ѓоко Котески.
Тој им посака среќа на сите учесници и убав престој во нашата Струга.
Strugaonline

Facebook Коментари