Во вторник во Струга ќе се спроведе дезинсекција против комарци

- Локални
215
Општина Струга ги известува граѓаните и пчеларите  дека на подрачјето на општината, на ден 20.06.2023 год. (вторник) ќе ce спроведе теристичка (од земја) и аеросолна дезинсекција со цел уништување на комарци.
Теренијалното запрашувањето ќе се спроведе навечер од 22:00 часот до 06:00 часот следното наутро, со апарат за УЛВ ладно запрашување.
Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени сите населени места.
,,Се молат пчеларите и пчеларските задруги да превземат соодветните мерки за заштита на пчелите.“-потенцираат од Општината.
Додаваат дека во случај на појава на неповолни временски услови (ветар или дожд) дезинсекцијата се одложува за следниот поволен ден.
Strugaonline

Facebook Коментари