Денеска започнува процесот на имунизација во спортската сала „Билјанини Извори“
Во регионалниот центар за вакцинација во спортската сала „Билјанини Извори“ денеска започнува масовна вакцинација на граѓаните од општините Охрид, Струга, Дебарца, Вевчани, Дебар, Ресен и Кичево.

За вакцинација во салата ангажирани се 50 медицински сестри, 10 лекари и 24 административни работници. Вакциналните пунктови ќе работат во две смени.
Регионалниот центар во Охрид располага со 14 приемни пунктови и 28 вакцинални места. Опремен е со 14 паравани, ладилник за вакцините, нов агрегат за ладилникот, комплетна компјутерска опрема и оптички интернет за потребите на компјутерскиот центар за евиденција на граѓаните.
Министерот за здравство , Венко Филипче најави дека наскоро се очекуваат и други големи количества на вакцини и тоа уште 600.000 од Кина и 26.000 од „Фајзер“, со што очекува до почетокот на летото да имаме висок процент на вакцинирано население и целосно менување на епидемиолошката состојба.
– Некаде бројката на граѓани што ќе се вакцинира на ден ќе биде помеѓу 10.000 и 15.000 илјади, најави министерот за здравство.
Strugaonline

