Две лица вршеле нелегален транспорт на огревно дрво, полицијата трага по нив

- Локални
766

На 23.01.2020 година околу 14 часот, во атарот на струшкото село Делогожда, полициски службеници забележале патнички џип марка „Галопер“ со швајцарски регистарски ознаки во кој, две лица вршеле нелегален транспорт на огревно дрво.  Истите избегале и го оставиле возилото на локалниот пат а по извршениот увид, констатирано е дека во него има околу 2 метри просторни бесправно пресечено буково огревно дрво. Возилото е одземено за вештачење и се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари