Време- Облачно во западните делови, од утре дожд

- Македонија
374

Денеска во западните делови же биде претежно облачно, а во источните сончево со умерена облачност. По одделни котлини ќе има услови за утринска магла. Ќе дува слаб до умерен ветер, претежно од југозападен правец. Дневната температура ќе се движи во интервал од 6 до 13 степени.  Утре ќе биде променливо облачно, по одделни котлини со утринска магла. Попладне и во текот на ноќта кон понеделник ќе има повремени врнежи од дожд, а на повисоките планини повремен снег.

Извор: УХМР

Facebook Коментари