Ќура ги посети уметниците на International Art Symposium во Струга
Струга овие денови живее во духот на уметноста, креативноста и културната размена, како домаќин на International Art Symposium Struga, настан кој со години ги обединува уметниците од различни делови на светот.
Во рамки на симпозиумот, Струга станува отворено уметничко пространство во кое се среќаваат различни култури, стилови и уметнички изрази, а природните убавини и атмосферата на градот се дополнителна инспирација за учесниците.
Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, вчера ги посети уметниците и одблиску се запозна со нивната работа и творештво. Во разговорите тие ги споделија своите впечатоци од престојот во Струга, посочувајќи ги природните убавини на градот, но и гостопримливоста на неговите жители.
Ќура порача дека Струга е отворена за сите уметници кои во градот наоѓаат инспирација, создаваат и придонесуваат за збогатување на културниот живот.
„Струга ги пречекува сите оние кои во нашиот град наоѓаат инспирација, создаваат и придонесуваат кон културниот живот“, истакна градоначалникот, повикувајќи ги учесниците своите позитивни впечатоци да ги пренесат во земјите од кои доаѓаат и да ги поканат своите блиски да ја посетат Струга.
Струга не е само дестинација, туку и извор на инспирација, порачаа од Општината, која го поддржува и спонзорира овој значаен културен настан.
Со поддршката на симпозиумот, локалната самоуправа потврдува дека културата и уметноста остануваат важен дел од развојот на градот, со стремеж за создавање повеќе простор и можности за уметниците и збогатување на културната понуда на Струга.
StrugaOnline

