Екипите на ЈП ,,Комунално“ засадија двесте хризантеми и 27 украсни дрва ,,Јапонска цреша“

- Локални
537
Вработените во работната единица „Одржување на јавни паркови и зеленило“ при ЈП „Комунално“ Струга денеска започнаа со садење  сезонско цвеќе-хризантеми во подготвените цветни леи на новиот кеј по течението на реката Црн Дрим.
-Денеска беа засадеини околу двесте хризантеми, а  планирано да бидат засадени уште 600 хризантеми во цветните леи во градските паркови и јавните површини.-информираат од работната единица „Одржување на јавни паркови и зеленило“
Од таму додаваат дека во рамки на денешните активности, засадени се и 27 украсни дрва од типот Јапонска цреша на ул Маркс и Енгелс.

Facebook Коментари