Денеска во земјава започнува вакцинацијата со трета доза

- Македонија
581

Од денеска во земјава достапна е и трета доза вакцина против ковид-19, која според Комитетот за имунизација е препорачана за сите граѓани над 60 години, како и за здравствените работници и лицата со имунокомпромитирачка состојба без разлика на возраста.

Вакцинацијата со третата доза ќе се врши со вакцината од производителот „Фајзер“ без разлика од кои производител се примени првите две дози.

Трета доза, како што објасни министерот за здравство Венко Филипче, ќе се прима најмалку шест месеци од примената втора доза. Кога ќе истечат тие шест месеци, граѓаните ќе добиваат СМС-порака дека може да се јават и да примаат трета доза.

Вакцинацијата со трета доза се спроведува на сите вакцинални пунктови во државата, каде во тек е вакцинација и ревакцинација.

Facebook Коментари