Тимот на ЈП Комунално-Струга продолжува со своите работни активности за почиста и поубава Струга.

Од претпријатието информираат дека денеска работеле на уредување на зеленилото и засадувањето сезонско цвеќе по десниот тек на кејот на реката Црни Дрим од поетскиот мост до болничкиот мост.

-Одржување и уредување на јавното зеленило е наша заложба која секојдневно ја спроведуваме за почиста животна средина.-стои во соопштението од ЈП Комунално-Струга.
Strugaonline
Facebook Коментари