Филмот „Глас“ вечерва и утревечер во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид

- Локални
53

Вечерва и утревечер од 20:00 часот на кино репертоарот на Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид е филмот „Глас“ на режисерот Огњен Свиличиќ.

 Филмот е приказна за младо момче кое пристигнува во католички интернат и дава отпор на верските практики на училиштето. Учениците и наставниците го сметаат момчето за прилично чудно.

Сценариото за филмот го напишаа Огнен Свиличиќ и Маријана Верхоев, директор на фотографија е Маринко Маринкиќ, сценограф е Ивана Шкрабало, костимографијата е на Емилија Ивановска-Атанасовска, снимател на звук Игор Поповски, а монтажата на Наташа Пантиќ. Продуцент на филмот е Дамир Терешак а копродуценти се Томи Салковски и Николина Вучетиќ. Улогите ги толкуваат: Франко Јаковчевиќ, Белма Салкуниќ, Игор Ковач, Карла Брбиќ, Барбара Вицковиќ.

Facebook Коментари