Филмот „Каде си Адаме“ за животот на монасите на Света Гора вечерва ќе се прикажува во Охрид

- Локални
410

Филмот „Каде си Адаме“ за животот на монасите на Света Гора ќе биде прикажан во Центарот за култура „Григор Прличев“- Охрид, вечерва со почеток 19.00 часот.

Филмот го прикажува монашкиот живот, полн со автентични ликови, сниман четири години на Атос, Грција. Критичарите го опишуваат како фасцинантен извештај за потполно неспоредливиот начин на живот во рамките на монашка заедница во 21. век.

Авторот на филмот, укранскиот продуцент, ѓаконот Александар Плиска, го реализирал проектот со режисерот Александар Запорошченко. Плиска, за време на неговиот десетгодишен престој во Светогорскиот манастир Дохијар дошол на идејата да сними филм за животот со монасите. Тие пред филмската камера ја изнесуваат и тагата и среќата, покајанието, радоста…

Режисерот Запорошченко, кога почнал со снимањето на филмот, сфатил дека монасите не одат по површината на водата или лебдат во воздухот. Тие се луѓе од крв и месо, водат испоснички и тивок монашки живот. Главниот јунак во филмот е игуман на на манастирот, ведриот и харизматичен старец Григориј, кој со долгогодишното монашко искуство има длабоко разбирање на човековата душа и нејзината желба да се врати во состојбата која е својствена на прачовекот Адам. Игуманот Григориј, кој во меѓувреме починал, меѓу другото вели дека најголемата доблест што ја научил на Света Гора е доблеста на трпението.

Филмот Каде си Адаме“ учествувал на неколку филсмки фестивали посветени на христијанската култура во Киев (добитник на Гран при), Торонто, Краков и Зајечар, Република Србија.

Билетите се продаваат по цена од 100 денари, а резервации можат да се направат на телефонот 078/271-793.

Извор: Охридпресс

Facebook Коментари