По повод 8-ми ноември, делегација од Општина Струга положи цвеќе пред Споменикот на Револуцијата

- Локални
666
Во чест на Денот на ослободувањето на Струга, 8-ми ноември,  делегација од Општина Струга положи цвеќе пред Споменикот на Револуцијата.
,,На овој ден се поклонуваме пред нашите славни херои, за нивната безрезервна љубов кон татковината и неизмерната храброст, со која го ослободија нашиот град од окупаторите.
Никогаш нема да ја заборавиме визијата за силна, стабилна и слободна Струга.  Нека е честит и вековит Денот на ослободувањето на Струга!,,- велат од Општина Струга.
Strugaonline

Facebook Коментари