
Заврши првото Регионално првенство за млади во шах Lake Queen School Cup 2023.
На првенството учествуваа околу 120 деца од основните училишта од општините Струга,Охрид, Вевчани и Дебрца кои беа поделени во четири категорни групи (8,10,12,14 год).

-Се играше во преполната спортска сала во ПУ Јахја Кемал во Струга. Турнирот го организираше Младинската шаховска школа Струга во соработка со ШК Ласкер од Охрид, со техничка и логистичка поддршка на ПУ Јахја Кемал Струга. Како организатори искажуваме голема благодарност до локалните самоуправи на четирите општини, до приватните компании и до сите кои помогнаа во организација на овој голем младински настан. Младинската шаховска школа Струга освои места во три од четирите категории.-изјави Ѓоко Котески од Шаховската школа Струга.
Во продолжение победниците на турнирите по категории.


Категорија до 14 год
1. Лука Симоноски со освоени 4,5 поени ПУ Јахја Кемал Струга

Делба на второ/трето место
2.Ивана Велкоска со освоени 4 поени ОУ Григор Прличев Охрид
3.Кузман Бабаче со освоени 4 поени ОУ Григор Прличев Охрид
4.Мартин Бирацоски со освоени 4 поени ОУ Братство Единство Охрид
5.Герасим Кумбароски со освоени 4 поени ОУ Јосип Броз Тито Струга

Категорија до 12 год
1. Јован Пуроски со освоени 4,5 поени ОУ Св Климент Охридски
2. Филип Целески со освоени 4,5 поени ОУ Св Климент Охридски
3. Павел Мишески со освоени 4 поени ОУ Св Наум Охридски Охрид
Категорија до 10 год
1. Мехмед Хамза со освоени 4,5 поеницОУ Братство Единство Охрид
2.Јована Котушеска со освоени 4,5 поени ОУ Григор Прличев Охрид
3.Климент Ковачески со освоени 4,5 поени ОУ Св Климент Охридски Охрид
Категорија до 8 год
Делба на 1 место
1.Александар Стојкоски со освоени 4,5 поени ОУ Јосип Броз Тито Струга
2.Реџеп Актан со освоени 4,5 поени ОУ Братство Единство Охрид
Делба на 2 место
1.Трајче Нелкоски со освоени 4 поени ПУ Јахја Кемал Струга
2.Олег Гогоски со освоени 4 поени ПУ Јахја Кемал Струга
Трето место
Дамјан Чобанов со освоени 3 поени ОУ Григор Прличев Охрид
Strugaonline
Facebook Коментари