Под мотото „Напрај се Василичар“, вчера започна годинешното издание на Вевчанскиот карневал.
Инспирирани од случувањата во јавниот живот во земјата и светот, маските Вевчанци со својата креативност ги подготвуваат цела година, а ги чуваат во тајност се до денеска кога следува дефилето под маски кое предизвикува воодушевување кај сите присутни. Василичарите го чекаат денешниот ден, 13-ти јануари за официјален старт на карневалот стар најмалку 1.460 години.
Вевчанскиот карневал завршува утре, на 14-ти јануари со традиционалното палење на маските, а карневалот и годинава нуди богата музичка програма.
Strugaonline
фото: архива
Facebook Коментари