Македонија загуби од Чешка, решавачки ќе биде дуелот со Австрија во вторник

- Спорт
475

Македонија загуби од Чешка со 25:27 во вториот натпревар од нејзиниот настап на ЕП 2020, после овој епилог во вторник ќе се бори за втор круг, а за да влезе во истиот ќе мора да ја совлада селекцијата на Австрија.

Во натпреварот со Чешка нашите ракометари имаа одлично прво, но лошо второ полувреме, Во првото полувреме постојано бевме во водство, а на одмор нашите ракометари отидоа со водство од 11:09. Во второто полувреме динамиката се промени.

Чесите најголемата предност ја имаа на стартот на последните десет минути од натпреварот кога поведоа со 22:18, потоа следуваше  една серија од три гола ја врати Македонија во игра. На седум минути до крај беше 21:22 така што Македонија имаше само минус еден На на пет минути до крај  нерешени 22:22 .

Потоа се одеше на страна на Чесите и славеа со 25:27

МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА              25:27 (11:9)

МАКЕДОНИЈА: Ристовски (2 одб., 1 сед.), Митревски (1 одб.), Манасков 5/8, Велковски, Стоилов 1/3, Лазаров 11/13, Талески 2/7, Маркоски 0/2, Кузмановски 1/3, Танкоски 1/2, Георгиевски 4/6, Крстевски, Поповски, Пешевски 0/1, Маџовски, Мишевски.

Седмерци: 4/4, Исклучувања: 6 мин.

ЧЕШКА: Галија (14 одб.), Мрква, Хрстка 3/3, Бечвар, Јурка, Хорак 2/2, Каспарек 7/8, Бабак 5/9, Цип 3/3, Ванчо 1/1, Здрахала 5/6, Клима, Солак, Мубензем, Земан 1/1, Мојзис.

Седмерци: 3/4, Исклучувања: 12 мин.

Strugaonline

фото: aрхива

Facebook Коментари