Денеска се објавуват номинациите за Оскар, „Медена земја“ е во потесниот круг во две категории

- Македонија
451

Американската филмска академија, денеска во Лос Анџелес ќе ги соопшти номинациите со петте кандидати во трка за „Оскар“ за церемонијата на доделување на престижната награда која ќе се одржи на 9 февруари во Лос Анџелес. Македонскиот докумантарен филм  „Медена земја“ е во потесен избор во две категотрии – за најдобар документарец и за најдобар странски филм.

Во категоријата најдобар документарец, филмот на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов е меѓу 15 селектирани од 159 квалификувани, а во категоријата за најдобар интернационален филм е во потесниот избор во кој влегоа десет наслови од 91 пријавен.

Филмот „Медена земја“ досега доби престижни признанија и одлични критики од филмските критичари на светско ниво.

Strugaonline

 

Facebook Коментари