Градоначалникот Рамиз Мерко сите надлежности во урбанизмот на општината на Струга ги отстапува на Владата

- Локални
928

Како што потврдија за StrugaOnline од општина Струга, се потврдува информацијата на новинската Агенција Журнал дека градоначалникот на Општина Струга, Рамиз Мерко, денеска го информирал премиерот Зоран Заев дека со намера спроведување на законите, сите надлежности на Општината на Струга за урбанистичко планирање, градежни дозволи и издавање на концесии, како и во делот на спроведување на забелешките од страна на УНЕСКО, му ги предава на Владата.

Новинската Агенција Журнал го обезбеди и писмото кое градоначалникот Мерко го има предадено на премиерот Заев.

Во ова писмо меѓу другото пишува дека имајќи ги предвид последните случувања и долгорочната кампања која се води против градот Струга и градоначалникот на оваа општина, Мерко мисли дека има само една цел а тоа е покривање на дивоградбите во градот Охрид и опасноста која доаѓа со одземањето на статусот на Охридското Езеро од Унеско.

За повеќе, прочитајте го писмото на градоначалникот Мерко испратено до премиерот Зоран Заев:

StrugaOnline

Facebook Коментари