Министерството за култура издвои 2,3 милиони денари за осовремување на Музејот „Д-р Никола Незлобински“ Струга

- Локални
446

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска ги посети националните установи од областа на културата во Струга и се информираше за тековните активности, проектите што планираат да ги реализираат во периодот што следува, но и проблемите со кои се соочуваат во текот на своето работење.

 

,,За Струшки вечери на поезијата, Н.У Центар за култура ,,Браќа Миладиновци и Музеј ,,Д-р Никола Незлобински“ годинава се издвоени значителни средства за инвестиции. Работиме на подобрување на условите, но и двојно се зголемени буџетските средства за проекти во сите дејности во Центарот за култура, а во Музејот „Д-р Никола Незлобински“, кој е еден од најстарите во Југоисточна Европа, годинава со 2,3 милиони денари ќе се осовремени постојната природонаучна поставка, која е единствена по својата содржина.,, -информираше министерката.

Таа додаде дека со градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко, разговарале за интензивната соработка помеѓу локалната и централната власт во областа на културата во овој туристички центар и следењето на препораките од УНЕСКО.
Strugaonline

Facebook Коментари