Инцидент со педалинка во Охрид, за среќа без последици

- Локални
282

На 31-ви август 2019 година, во 14:15 часот, лице од Гостивар во СВР Охрид пријавило инцидент со педалинка.

– 21-годишниот А.С. од Гостивар пријавил дека околу 13:10 часот, педалинката која заедно со 21-годишниот Х.Д. и една година помладиот А.Б. од Гостивар, ја изнајмиле на плажа, и со која се возеле по езерото на оддалеченост на околу 30 метри од брегот, почнала да се полни со вода и да тоне. Х.Д. и А.Б. испливале на брегот, а пријавителот со помош на лица од соседна педалинка излегол на брегот. На местото на настанот извршен е увид, а по добиените насоки од јавен обвинител педалинката е одземена и со записник предадена на полициски службеници, информираат од СВР Охрид.

Извор: СВР Охрид

фото: архива

Facebook Коментари