Изложба „Борба и страдање. Полските граѓани за време на Втората светска војна“ во Охрид

- Локални
737

Амбасадата на Република Полска во Скопје, почесниот конзулат на Република Полска во Охрид и Центарот за култура „Григор Прличев“-Охрид ја организираат изложбата „Борба и страдање. Полските граѓани за време на Втората светска војна“.
Изложбата ќе биде отворена вечерва со почеток во 19:00 часот во Галеријата на Центарот за култура Охрид.

Изложбата е подготвена од полското Министерство за надворешни работи и Музејот на втората светска војна од Гдањск за одбележување на 80-годишнината од избувнувањето на војната која започна со нападот на нацистичка Германија на Полска. Овој најголем вооружен конфликт во историјата донесе огромни човечки и материјални загуби, а исто така имаше големо влијание врз политичките и територијалните промени во Европа по 1945 година.

Strugaonline

Facebook Коментари