Интернационална конференција на тема „Дигитално граѓанско општество“ на 16-ти јуни во Охрид

- Локални
518

На 16-ти јуни во Охрид, на Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ ќе се одржи Интернационалната конференција на тема „Дигитално граѓанско општество“.   На конференцијата свое излагање ќе имаат експерти од 5 земји: Шпанија, Италија, Хрватска, Србија и Македонија.

Седумнаесет говорници меѓу кои универзитетски професори, основачи на бизниси и медиуми, раководители на стартапи, и претставници од непрофитни организации, ќе зборуваат на теми како дигитализација, виртуелна реалност, креативноста во служба на креирање социјални промени, визуелно раскажување приказни, социјални иновации како апликации и софтверски решенија, електронски продавници. Сето ова ќе го носи предзнакот дигитална трансформација на непрофитниот сектор со цел постигнување поквалитетен социјален импакт.

Конференцијата ќе започне во 9:00 часот.

Овој настан се организира во рамки на проектот SINet – Social Innovation Network поддржан од Europe for Citizens програмата, а спроведуван од Порака Нова во соработка со Општина Охрид .

Strugaonline

Facebook Коментари