Изборно собрание на сојузот на борци во Струга

- Локални
427

Во Струга, на 27 ноември 2021 година,се одржа 17 – изборно Собрание на борците од НОВАМ 1941-1945 година и подржувачите.Со Собранието раководеше досегашниот претседател Ајредин Мемеди,кој воедно имаше и вовеведно излагање,како и Извештај за работата во изминатиов период,а истовремено беше предложена предлог Програма,финасиски план и Календар за одбележување на значајни датуми.

Поради изминат четиригодишен мандат на членовите на Собранието,беше предложен нов состав  на Собранието,а на досегашниот претседатек Ајредин Мемеди едногласно му беше дадена доверба и во новиот четиригодишен мандат да го води општинскотом Здружение на борци,како и на досегашниот секретар Никола Попоски.Додека за потпретседател беше избран Вангел Наумоски,а за делегати на Републичкото Здружение на борци,беа предложени Авни Далипи и Никола Попоски,кои и тие едногласно беа избрани.

На Собранието беа избрани и нови членови за Комисиите.

Седницата на Собранието беше одржана согласно препораките и мерките за заштита и превенција од корана вирусот КОВИД-19,беа почитувани за време на работата на Собранието.

Текст и форо:СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

 

Facebook Коментари