Во среда и четврток во Охрид ќе се прикажува филмот ,,Мираи“

- Локални
277
Во Центар за култура ,,Григор Прличев“ Охрид ќе се прикажува филмот „Мираи“ (Mirai).
Кино проекциите се закажани за во среда (01.12.2021) и четврток (02.12.2021) почеток 18.00 часот, цена на карта 100 денари.
Филмот го следи четиригодишниот Кун, кој се обидува да се справи со пристигнувањето на новиот член во семејството, сестричката Мираи. Мистериозната градина во нивниот двор станува порта, која му овозможува на момчето да патува назад во времето каде што ќе се сретне со својата мајка како мало девојче и неговиот прадедо како млад човек. Овие фантастични авантури ќе му помогнат на момчето да го смени мислењето и да стане големиот брат, кој неговата сестра го заслужува.
За влез потребно е да поседувате и приложите еден од следниве документи:
-сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно вакцинирани со две дози со вакцина против КОВИД-19
-сертификат/потврда за прележан COVID-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
-сертификатот/потврдата не се однесува за лица под 18 годишна возраст.
Strugaonline

Facebook Коментари