Изложба на црно- бели фотографски принтови „Цврсти лаги“ од Горан Ристовски во Скопје

- Локални
94

На 10-ти октомври со почеток во 20:00 часот во Паркот на Франкофонија во Скопје ќе биде поставена изложба со црно- бели фотографски принтови со наслов „Цврсти лаги“ од Горан Ристовски.

Серијата на црно бели фотографски принтови со наслов „Цврсти лаги“ произлегува и е инспирација од нашата блиска околина, за објектите и просторите како наши ментални и физички мемории. Ова се визуелни документи, отисоци, констатирање на овој тип на состојби и естетизирање на процесот на распаѓањето, на заборавеното како човекова постапка кон општеството. Повеќето фотографии се конципирани со постапка на надополнување од две сцени од еден простор. Просторот како објект, локација претставен низ годините кои поминуваат служи како визуелна метафора за некакво ветување, очекување, надеж. Човечката невидливост и отсутно прикажување низ фотографиите директно ни го го доловува ефектот и индиферентниот однос насочен низ минатото и сегашноста. На фотографиите е следење на процес на губење и присвојување на сопственоста или не решливоста на сопсвеноста на нештата, како појава која се почесто е присутна во нашите околности- животи.
Празните и осамени објекти- простори се симбол кој ги компонираат делата и реферира на човековата пасивност, неговата отсутност, празнината, губењето на мотивацијата- како битие во создавањето и креирањето на општествената стварност. Естетизирањето на делото исто така има за цел да опише и прикаже состојба на една транзициска долготрајна борба условена од актуелни социјални, општествено- политички, емоционални, културолошки контексти. Промените кои го преобликуваат тој објект или просторот во околината, оставени сурово во процесот на нивното пропаѓање, нивната стабилност и неуспех и последиците од нивното постоење.
Горан Ристовски (роден 1987 во Струга), дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на отсекот за графика, насока графички дизајн. Реализирано има неколку самостојно изложби и учествувал на повеќе групни изложби во Македонија и надвор. Неговата уметничка практика се занимава со истражување на различни медиуми и се изразува преку цртеж, слика, фотографија, инсталација, графика, улична- урбана уметност, но најчесто се работи за комбинирање на повеќе медиуми. Инспиративно делуваат феномените на локалните случувања, пренесено врз индивидуата и колективот, промените предизвикани од човечкиот фактор како и традиционалните трансформации и мемории рефлектирани во современиот свет. Ристовски работи како ликовен педагог во Струга, еден е oсновачите и членовите на уметничкото здружение ИНКА од Струга.

Strugaonline

Facebook Коментари