Во сабота голем хуманитарен концерт за Јана Арсовска во Охрид

- Локални
758

Во сабота, на 12-ти октомври во Охрид ќе се одржи хуманитарен концерт за Јана Арсовска! Концертот ќе се одржи  во „Центар за култура Григор Прличев со почеток во 19:30 часот. За Јана ќе настапат Фолтин, Четкар, Камелеон и Ѓоко Танески.

Влезниците по цена од 300 денари се продаваат во Music shop ZZ Top, тезга „Аждер“ – градска чаршија и на каса пред концертот.

„На концертот ќе се продаваат пијалаци, шолји со логото на кампањата и маички – и, се разбира, сите пари ќе бидат уплатени на сметката на нашата Јана. Ќе има и кутии за донации, каде секој кој сака ќе може да донира нешто повеќе од симболичната цена на картата.

Благодариме на сите учесници во настанот. Од прв до последен, од прекрасните музичари, преку Центарот за култура, па се до луѓето задолжени за осветлување и озвучување на концертот, до нашите медиумски помагачи и движечка сила на гласот за овој настан, како и производителите на се друго што ќе се продава… сите до еден во овој хуманитарен настан се вклучија веднаш без двоумење и волонтерски. Ви се поклонуваме и ви благодариме! Затоа, луѓе… ајде да направиме подвиг. Ајде да направиме добрина, ајде да донираме надеж.“ – апелираат организаторите.

Јана Арсовска  веќе петта година се бори со редок вид на карцином Во 2015 година, на Јана ѝ беше дијагностицирана „адултна неуробластома“, детски карцином кој кај возрасни е многу редок и оттогаш таа ја води најтешката битка во животот.

Броеви за донирање од Македонија:
Т-Мобиле 143 143
А1 143 467

За донации преку жиро-сметка од Македонија:
5305-0001-0490-410, Охридска Банка

За хуманите луѓе надвор од Македонија: gofundme.com/hopeforjana

или преку жиро-сметка на:

IBAN:MK07530280003077681
SWIFT: OHRDMK22

Strugaonline

Facebook Коментари