Изложба со дела од конкурсот за месечна награда по уметност во декември ќе биде отворена во Струга

- Локални
776

Дваесет и три слики и цтрежи во рок од шест месеци пристигнале на конкурсот за месечната награда по уметност за деца што во март годинава беше обојавен на иницијатива на ,,За чиста Струга“ во соработка со наставникот по уметност Милко Нестороски.

Кристијан Панов, Мерт Аго, Иларија Гулевска, Јаон Дојчин, Амит Бичак , Поем Пошка, Асуман Дурсун  се досегашните победници кои покрај сертификатите за учество, добија бои и книги за цртање.

Победникот за октомври ќе биде објавен на 25-ти октомври, во понеделник.

На конкурсот можеа да учествуваат деца на возраст од 6 до 15 години.

-Натпреварувачите цртаа делови од Струга кои нив најмногу им се допаѓаат. Оваа соработка има за цел да ги охрабри и инспирира децата повеќе да се грижат и да го ценат нивниот град. Цртежите на децата се можност и за повозрасните граѓани од Струга, да го видат својот сопствен град низ детските очи. Бидејќи децата се иднината на ова општество, сметаме дека овој проект на  долгорочен план,може да има позитивен ефект врз локалната заедница.-велат организаторите.

Од постигнатите резултати , задоволни се и родителите на децата-учесници на конкурсот, велат дека децата не само што размислуваат за убавините на Струга, туку со учество на овој натпревар добиваат се’ поголем поттик за цртање.

Делата ќе бидат претставени на изложба во декември годинава, а ќе биде изработен и каталог со истите.

 

Facebook Коментари