Постигнат договор за продолжување на коалицијата меѓу ДУИ и СДСМ за Струга

- Локални
729

За престојниот втор круг од локалните избори кој ќе се одржат на 31 октомври, постигнат е договор за продолжување на коалицијата меѓу ДУИ и СДСМ за Струга.

“Почитувани граѓани, Врз основа на нашата визија за градот, усогласувањето во нашите програми и постигнатиот успех за време на последниот мандат меѓу нашите два субјекти, одлучивме да го продолжиме нашиот коалициски договор за Струга. Целта на овој договор е да ја реализираме до крај нашата визија за зелена, туристичка, дигитална, урбана и економски развиена Струга. Струга е на секој граѓанин и ние ќе се однесуваме подеднакво со секој граѓанин и ќе го цениме секој врз основа на неговите вредности. Ќе владееме целосно засновани на меритократија”.- соопштија од ДУИ и СДСМ.

 

Според конечните резултати што ги објави Државната изборна комисија, во првиот круг од локалните избори, кандидатот за градоначалник од ДУИ, Рамис Мерко освои 40,50% од гласовите односно 10.956 гласови, кандидатот Идри Истрефи од Алијанса за Албанците освои 34,82% од гласовите, односно 9.421 глас.

Facebook Коментари