Изложбата ,,Човек и пејсажни принципи“ во понеделник во Струга

- Локални
53

На 21-ви септември (понеделнк), со почеток во 19:00 часот, во Центарот за култура ,,Браќа Миладиновци“ во Струга ќе биде отворена изложбата,,Човек и пејсажни принципи“ на Катерина Деспот и Васка Сандева.

Проф. д-р Катерина Деспот е родена 1977 г. во град Прилеп, Р. Македонија. Завршува специјалност Индустриски дизајн (2001), степен Национална ликовна академија – Софија, Р. Бугарија, Факултет за Применета уметност. Своето образование го продолжува во истата институција, каде во 2005 година се стекнува со титулата доктор на науки – PhD.
2018 година завршува пост-докторски студии (специјализација) на тема “Влијанието на паркoвата уметност врз развојот на модерната паркова композиција”.
Од 2009 година до моментов вработена како професор на Универзитет Гоце Делчев – Штип, доцент и раководител на катедра (2009) на факултет за природни и технички науки – катедра Архитектура и дизајн, професор и декан (2015) на Ликовната академија.
Член на факултетскиот и универзитетскиот состав од 2009 година.
Раководител на повеке од 70 дипломирани студенти и 7 магистрирани студенти на катедрата Архитектура и дизајн, Универзитет Гоце Делчев – Штип.
Автор на повеќе од 110 научни разработки (публикации, статии, проекти). Разработени независно и публикувни пет книги “Историја на пејзажната архитектура” (2013), “Индустриски дизајн” (2014), “Теорија на композиција во пејзажната архитектура”. (2013). Ентериер и екстериер (2019), Дизајн на мебел (2019).

Проф. д-р Васка Сандева е родена 1982 г. во град Кочани, Р. Македонија. Завршува специјалност Пејжазна архитектура (2005), степен Магистер на Факултет за екологија и пејзажна архитектура во Шумарскотехнички универзитет – Софија, Р. Бугарија. Своето образование го продолжува во истата институција, каде во 2009 година се стекнува со титулата доктор на науки – PhD.
2018 година завршува пост-докторски студии (специјализација) на тема “Уметнички принципи на паркова уметност како фактор за уредување на улиците во градовите на Република Македонија”.
Од 2010 година до моментов вработена како професор на Универзитет Гоце Делчев – Штип, доцент (2010) на факултет за природни и технички науки – катедра Архитектура и дизајн, професор (2015) на Ликовната академија.
Член на факултетскиот и универзитетскиот состав од 2010 година до моментот.
Раководител на повеке од 50 дипломирани студенти и 5 магистрирани студенти на катедрата Архитектура и дизајн, Универзитет Гоце Делчев – Штип.
Автор на повеќе од 100 научни разработки (публикации, статии, проекти). Разработени независно и публикувни три книги “Историја на пејзажната архитектура” (2013), “Индустриски дизајн” (2014), “Теорија на композиција во пејзажната архитектура”. (2013).
Ентериер и екстериер (2019), Дизајн на мебел (2019).

 

Facebook Коментари